Дамиен Лилард е главна трансфер цел на Филаделфија

НБА тимовите полека се подготвуваат за новата сезона, а Филаделфија максимално сака да го искористи летниот трансфер период, па веќе се надева дека ќе успее да се засили со уште една ѕвезда. Според новинарот Дерек Боднер, овој тим е блиску до потпис на договор за соработка со Дамиен Лилард.

Доведувањето на ѕвездата на Портланд беше главната цел на „Сиксерс“ оваа сезона. Забележано е дека размената со Бен Симонс е неизводлива, па се бараат други начини за реализација на трансферот.

Во 2019 година, Лилард потпиша супермаксимален договор кој трае до крајот на сезоната 24/25. Тој веќе девет сезони е дел од Портланд.

Се вчитува...