Дамјан Шишковски пред трансфер во албански Кукс

Македонскиот репрезентативен голман Дајман Шишковски е пред трансфер во еден од најдобрите албански клубови, Кукс.

Како што пренесуваат албанските медиуми, 23-годишниот Шишковски веќе е во интензивни преговори со спортскиот директор на Кукс и поранешен македонски репрезентативец Ндерим Неџип кој истакнал желба да го види во редовите на својот тим за пролетниот дел од сезоната.

Шишковски во јануари ја заврши соработката со фински Лахти. Претходно во својата кариера има настапувано и за белгиски Гент, како и за Работнички на домашната фудбалска сцена. Беше дел и од младинската репрезентација на Македонија која настапи на Европското првенство 2017 во Полска.

Се вчитува...