Дамњановиќ: Не треба да се вратиме дома со наведнати глави…

ЕКИПА во Будимпешта,

Билјана Б.Петрушева, Игор Паневски

Титулата беше на дофат, но на крај пехарот заврши кај ракометарките на Ѓер. Разочарувањето беше големо кај вардарки и револтот на како што велат наклонетоста на судиите кон унгарскиот тим. Сања Дамњановиќ во финалето не доби шанса на терен, а по мечот ја изрази својата разочараност од поразот.

 „Мислам дека во првото полувреме одбраната не ни беше на посакуваното ниво, Ѓер имаше предност од три гола, но ние во продолжението заигравме многу поквалитетно и апсолутно бевме подобри на теренот. Не сакам да го коментирам судењето, но овојпат беше евидентно дека арбитрите беа наклонети кон Ѓер, како се да беше подготвено за славје на унгарската екипа во Будимпешта. Тоа не беше фер, имавме свои шанси, но не успеавме. Не треба да се вратиме дома со наведнати глави бидејќи одигравме храбро во ова големо финале“ – изјави Сања Дамњановиќ.

Се вчитува...