Дамсгард: Игравме одлично, секој би бил разочаран по еден ваков пораз

Младиот Микел Дамсгард кој ја донесе Данска во водство на полуфиналето синоќа против Англија, беше крајно разочаран по поразот во продолженијата.

Данските фудбалери не го кријат незадоволството, а по синоќешниот меч своја изјава даде и Микел.

„Само сум разочаран. Стојам тука со чувство на празнина. Одигравме одлично во текот на целиот турнир и крајно е непријатно да се биде на поразен по еден ваков натпревар“, рече фудбалерот на Сампдорија.

Се вчитува...