Легендарниот дански репрезентативец Ханс Линдберг објави дека на 44-годишна возраст ја завршува професионалната кариера, цели 27 години откако дебитираше во елитното друштво во својата татковина.
Линдберг не се збогуваше онака како што посакуваше, неговиот тим ХОЈ Елите не успеа да обезбеди опстанок, но ветеранот остана доследен на одлуката – оваа сезона да биде последна во неговата блескава кариера. Тој ќе остане дел од клубот, а од 1 јули ќе ја извршува функцијата спортски директор на ХОЈ Елите.
Линдберг имаше неверојатна кариера во која освои бројни трофеи, како на клупски така и на репрезентативен план. За нас, за жал ќе остане запаметен по оној победнички гол за Данска на дуелот во Белград на ЕП 2012, погодок што се покажа клучен Данците да се пласираат во полуфиналето, а Македонија на крајот да се бори за петтото место на тој европски шампионат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
