Данецот Торуп е нов тренер на бундеслигашот Аугсбург

Данецот Јес Торуп е нов тренер на германскиот бундеслигаш Аугсбург.

53-годишниот Торуп потпиша двегодишен договор со Германците до јуни 2025 година, а на клупата ќе го наследи Енрике Масен кој замина од клубот по лошите резултати на стартот од сезоната.

„Мислам дека Аугсбург е вистинскиот чекор за мене. Ќе ми биде големо задоволство да работам во Бундеслигата со амбиции секако Аугсбург да бележи позитивни резултати“ – истакна Торуп по промоцијата во Аугсбург.

Торуп претходно бил тренер и на данските Митјиланд и Копенхаген, како и белгиски Гент.

Се вчитува...