Дани Алвеш префрлен во друг затвор поради негова безбедност

Поради негова безбедност, екс фудбалерот на Барселона, Дани Алвеш е префрлен во друг затвор каде го минува притворот поради пријава за силување. Алвеш пред неколку дена беше уапсен во Шпанија, а Бразилецот се соочува со казна затвор од 4 до 12 години.

Алвеш беше префрлен од затворот Бријанс 1 во Бријанс 2. Според Ел Паис, тоа е направено поради безбедноста на фудбалерот. Во новиот затвор тој ќе има посебна келија и сопствен туш.

Девојка го обвини Алвеш за силување пред Нова година. Наводно таа одбила обесштетување од самиот Алвеш, и сака Дани да оди во затвор. Тој дал три контрадикторни искази пред Судот. Имаше информации дека Алвеш од протест не јадел и не зборувал во затворот.

Се вчитува...