Даниел Мојсов се раздели со АЕК Ларнака

Поранешниот македонски репрезентативец Даниел Мојсов се раздели со кипарскиот прволигаш АЕК Ларнака. 32-годишниот дефанзивец во клубот ги мина последните четири сезони, но по истекот на договорот подготвен е за нов предизвик.

„Сега сум слободен играч, му посакувам на АЕК Ларнака се најдобро и можеби еден ден ќе бидеме повторно заедно“, истакна Мојсов на социјалните мрежи.

Тој за АЕК Ларнака одигра 82 натпревари и постигна пет гола.

Се вчитува...