Даниел Рамос: Дојдовме по победа и ја реализиравме целта

Тренерот на португалската Санта Клара, Даниел Рамос искажа задоволство од играта на својот тим и убедливата победа од 3-0 против Шкупи во Скопје на првиот натпревар од 2. квалификациско коло во УЕФА Конференциската лига.

Португалците се веќе со една нога во следната рунда натпревари во Европа, стигнувајќи до резултат по кој реваншот треба да биде само формалност.

„Посакувавме победа пред мечот и сосема заслужено стигнавме до истата. Може да им честитам на моите фудбалери за овој триумф, но сигурно еднакво максимално без потценување на противникот ќе одиграме и на реваншот. Можеби очекувавме поголем отпор од екипата на Шкупи, но јасно е дека ова се тешки европски натпревар на кој мора да се даде максимумот ако се сака победата“ – истакна Рамос на прес-конференцијата по натпреварот.

Се вчитува...