Даниел Рамос: Возбудени сме што сме во Скопје, не чека тежок дуел со Шкупи но сакаме победа

Тренерот на португалската Санта Клара, Даниел Рамос максимално го цени составот на Шкупи нагласувајќи дека утре ги очекува тежок натпревар во Скопје на првиот натпревар од 2. квалификациско коло во УЕФА Конференциската лига.

Рамос на прес-конференцијата пред утрешниот меч нагласи дека како тим се возбудени што првпат се тука во Македонија, верувајќи дека ќе се претстават во квалитетно издание пред македонската публика.

„Возбудени сме што сме тука, за првпат во вашата земја, во ова ново натпреварување во Македонија и во убав град како Скопје. Не очекува меч против еден одличен тим кој од тоа што го анализиравме знаеме дека е добро организиран со одлични индивидуалци. Мислам дека ќе биде навистина добар натпревар затоа што и ние сме добро подготвени и сигурен сум дека натпреварот ќе го одлучуваат нијанси“ – истакна Рамос на прес-конференцијата против Скопје, притоа на прашањето со кој резултат ќе биде задоволен, со одговор:

„Ние секако посакуваме победа. Но, да бидеме реални, има уште еден натпревар. Ова е двомеч кој ќе биде одлучен по вториот натпревар, иако ние утре ќе атакуваме на победа“.

Еднакво е размислувањето и на капитенот на тимот, Рафаел Рамос…

„Знаеме дека ќе биде тежок натпревар, но подготвени сме за надигрување. Нашата желба е победа, но секако кој ќе оди во следната рунда натпревари ќе биде одлучено на реваншот“ – истакна Рафаел Рамос.

Се вчитува...