Даниеле Колинс ќе ја предизвика Барти во финалето на Австралија опен

Американката Даниеле Колинс ќе ја предизвика првата носителка Ешли Барти во финалето на првиот гранд-слем турнир во сезоната Австралија опен. Колинс во полуфиналето на убедлив начин славеше над Полјачката Ига Швјонтек со 2-0 по сетови 6-4 и 6-1.

Во првиот сет Американката брзо стигна до водство од 5-1, по што Полјачката успеа да се врати само на гем негатива, но немаше сила за целосен пресврт. Во вториот сет без поголеми проблеми славеше со 6-1 остварувајќи го првото гранд-слем финале во кариерата.

Финалниот натпревар кај дамите на програмата е во сабота наутро по средноевропско време.

Се вчитува...