Гостин во најновата епизода на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“ беше поранешниот македонски ракометен селектор, Данило Брестовац, поранешен македонски репрезентативец и тренер со богато меѓународно искуство.
Меѓу бројните теми на разговор со еден од најдобрите македонски ракометни стратези, неизбежно и околу условите за работа во спортот тука во Македонија, компарирано со западноевропските земји, но и со остатокот од светот.
„Секаде каде што сум работел на меѓународната сцена има неверојатни услови за работа, за разлика од тука кај нас… Во Македонија може да кажам дека ние македонските тренери посебно, сме феномени. Ако сведеме во некој временски период, работиме максимум седум месеци во годината. Ако го тргнеме летото, ако ја тргнеме зимата кога, како што викам јас, – ‘пингвини бегаат од салите наши’, па и покрај тоа што немаме квантитет, реално и мора да направиме и правиме неколку ете квалитетни играчи од секоја генерација. Мислам дека сме ние ракометни феномени!“ – вели Брестовац.
ГЛЕДАЈТЕ ГО ЦЕЛИОТ ПОДКАСТ „ПРЕСИНГ“ СО ДАНИЛО БРЕСТОВАЦ ТУКА…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
