ДАНИЛО БРЕСТОВАЦ во „ПРЕСИНГ“: Жално е како во Македонија забораваме на величини како Ванчо Јовановски, Цане Крстевски, Славе Атанасовски! (ВИДЕО)

Гостин во најновата епизода на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“ беше поранешниот македонски ракометен селектор, Данило Брестовац, поранешен македонски репрезентативец и тренер со богато меѓународно искуство.

Меѓу бројните теми на разговор со еден од најдобрите македонски ракометни стратези, некако се издвои и фактот колку сите заедно во Македонија сме со кратко паметење, лесно заборавајќи ги сите оние на кои многу што им должиме, во било којаа сфера од живеењето.

Од ракометот, Брестовац се потсети на имиња на кои и тоа како многу им должи овој спорт, а се чини како да остануваат запоставени – Ванчо Јовановски, првиот селектор кој не однел на европско првенство, но и Цане Крстевски, како и сега покојниот Славе Атанасовски…

„Ми се чини во Македонија најнеправедно запоставен е Ванчо Јовановски, човекот кој прв не однесе на Европско првенство. Пази, човекот кој ни рече: „Можеме!“ Неговото име некако не се споменува…, а тоа е пораз за спортот! Тоа е пораз за ракометот кај нас! Ние не си ги вреднуваме нашите луѓе. Ванчо Јовановски е човекот кој ја освои првата титула со Вардар, а со репрезентација 1997/98 не носи преку квалификации на ЕП, заедно со Цане Крстевски од Битола“ – вели Брестовац и дополнува:

„Исто, легендарен тренер, Цане Крстевски, заедно со Ванчо Јовановски – имиња и презимиња, со титули со се. Цане Крстевски колку само титули има освоено. Но, и Славе Атанасовски – за што разговараме? Првиот селектор на македонската репрезентација – Славе Атанасовски-Чаве, име и презиме. Сè е тоа заборaвено. Не смееме да дозволуваме да заборавиме такви личности и такви големини. Тие се ракометни величини за мене. И јас секогаш кога разговарам за тие луѓе разговарам со голем респект. Сè им должиме нив. Ова што сме ние сега во ракометот се, можеби голем дел од него го должиме токму на нив!“

ГЛЕДАЈТЕ ГО ЦЕЛИОТ ПОДКАСТ „ПРЕСИНГ“ СО ДАНИЛО БРЕСТОВАЦ ТУКА…

Се вчитува...