Данило останува во Јувентус до 2025 година

Јувентус успешно ги финишираше преговорите со Данило за потпис на нов договор со бразилскиот репрезентативец, со важност до јуни 2025 година.

Бразилецот е најстандарден во тимот на Масимилијано Алегри сезонава, доказ за тоа е фактот дека заедно со Костиќ се единствените двајца фудбалери кои настапиле на сите натпревари за „старата дама“ во Серија А сезонава. Токму поради ова Алегри инсистираше на негово останување во клубот, а новиот договор беше потпишан само неколку дена откако Данило постигна значаен гол во победата на градското дерби со Торино.

„Победнички дух… воин… лидер… Овие зборови го опишуваат Данило како играч, но и како човек. Од неговото доаѓање во август 2019 година, неговата приврзаност кон клубот и кон црно-белата боја беше експресна. Како на теренот, така и надвор од него. Затоа пресреќни сме што соработката продолжува“, објавија челниците на Јувентус.

Се вчитува...