Даниловски и Гедбан со најдобри одбрани во СЕХА во февруари

Голманите на Металург и на Вардар се најдоа на топ-листата со најдобри интервенции во СЕХА-лигата во месец февруари.

Никола Даниловски имаше извонредна двојна интервенција на голот на Металург на дуелот со Загреб, а Калифа Гедбан одлично одбрани пенал против истиот ривал, за место меѓу најдобрите пет интервенции во минатиот месец во регионалното ракометно натпреварување.

 

Се вчитува...