Данска до сензационална победа над Чешка на ЗОИ во Пекинг

Хокеарската репрезентација на Данска стигна до сензационална победа над Чешка од 2-1 на отворањето на турнирот на Зимските олимписки игри во Пекинг. Данците уште во 12. минута од првиот период поведоа со голот на Луаридсен, а до крајот на првиот дел Нилсен од пенал зголеми на 2-0.

Чесите заиграа подобро во продолжението на мечот, па веќе на стартот на втората третина преку Цервенка намалија на 2-1. Иако имаа нешто помалку од 40 минути да ја оправдаат фаворитската улога и да стигнат до целосен пресврт, сепак Данците храбро се одбранија и ги освоија првите бодови на турнирот.

Во првиот меч од оваа група денеска наутро актуелниот шампион Русија ја совлада Швајцарија со 1-0. По првото коло во А групата Русија и Данска имаат по три бода, додека Чешка и Швајцарија се без бодови.

Се вчитува...