Данска е првиот четвртфиналист на ЕВРО 2020 (ВИДЕО)

Данска е првиот патник во четвртфиналето на ЕВРО 2020 откако во осминафиналниот меч кој се играше на „Јохан Кројф“ арената во Амстердам го совлада Велс со 4-0. Каспер Долберг со прекрасен удар донесе водство за Данците во 27. минута. Истиот фудбалер во 48. со својот втор гол зголеми на 2-0. На 3-0 зголеми Меле во 89. минута.

Нервозата си го направи своето, Хари Вилсон во 91. минута доби црвен картон, по што следеше и четвртиот гол за Данска кој беше дело на Мартин Бретвајт.

Во четвртфиналето Данска го чека подобриот од мечот меѓу Холандија и Чешка натпревар кој ќе се игра утре од 18 часот на „Ференц Пушкаш“ арената во Унгарија.

Првиот голо на Каспер Долберг погледнете го на следниот линк. 

Вториот гол на Каспер Долберг можете да го погледнете на следниот линк.

Голот на Јоаким Меле погледнете го на следниот линк.

Се вчитува...