Данска го совлада Египет, Норвешка ја доби Германија

Данска славеше во дуелот против Египет со 25-30 и го завери првото место во групата „4“ на Светското првенство. Данците беа подобриот противник од самиот почеток на мечот, на полувремето имаа предност од 12-17, а истата ја задржаа и до крајот со што стигнаа до четвртата победа во втората фаза.

Во четвртфиналето патува и Египет, додека со денешиот пораз на „фараноните“ Хрватска и дефинитивно нема повеќе пласман во следната фаза и овој дел од натпреварувањето го завршува на третата позиција на табелата.


Standings provided by Sofascore


Битката за првото место во групата „3“ и припадна на Норвешка која славеше против Германија со 26-28. Норвежаните резултатска предност имаа уште од самото отварање на натпреварот за 16-18 на полувреме, а и покрај тоа што Германците успеаја да се вратат во второто полувреме и да поведат со 25-24, финишот на мечот им припадна на скандинавците кои со серија од 3-0 ја претворија негативата во предност.


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...