Данска ќе ја предизвика Македонија во финалето на Европската лига

Репрезентацијата на Данска ќе ја предизвика Македонија во финалето на Европската сребрена лига, откако во вториот полуфинален натпревар на Ф4 турнирот во Струмица ја совладаа Унгарија со 3-1, по сетови (24-26, 25-17, 25-11 и 29-27).

Унгарците го добија првиот сет со 26-24, но потоа следеше фуриозна игра од страна на данските одбојкари успеаја да стигнат до целосен пресврт и до конечен триумф.

Македонија и Данска во мал временски период ќе го одиграат и третиот натпревар откако двапати се сретнаа и во групната фаза од годинашното издание. На првиот турнир во Струмица Данска победи со 3-0, но „спартанците“ на ист начин им се реваншираа во Данска.

Финалниот натпревар ќе се игра утре со почеток во 20 часот, додека три часа порано ќе се одигра мечот за третото место меѓу Хрватска и Унгарија.

Се вчитува...