Данска лесно против Словенија на стартот од ракометното Европско првенство

Домаќинот Данска со сигурна победа над Словенија од 30-23 го почна настапот на Европското ракометно првенство. Данските ракометарки во текот на целиот меч го контролираа резултатот. На полувреме заминаа со позитива од два гола 14-12, а до крај успеаја и да го зголемат водството и да стигнат до конечен триумф од 30-23.

Нолсе Ларке Педерсен со шест гола беше прво име во победничкиот табор, додека кај Словенките по пет постигнаа Наташа Лјепоја и поранешната вардарка Барбара Лазовиќ.

По првото коло во А групата Франција и Данска имаат по два бода, додека Словенија и Црна Гора се без бодови.

Се вчитува...