Данска студија: Шансите да се пренесе Covid-19 преку фудбалот се минимални – има само 90 секунди близок контакт

Пандемијата на коронавирусот го парализира светот, најголем дел од планетата е во карантин, а тоа секако прави огромни проблеми за спортот. Професори на Универзитет во Архус преку научна студија докажаа дека шансите да се пренесе коронавирусот преку играње фудбал се минимални. Тие ги анализираа движењата на професионални фудбалери на 14 натпревари од Суперлигата на Данска и потврдија дека во текот на 90 минути еден фудбалер во просек се наоѓа само 90 секунди во близок контакт со друг фудбалер.

Студијата ја изработија данските професори Николас Кнудсен, Мануел Томасен и Т0мас Бул Андерсен од Универзетот во Архус во соработка и со Универзитетот во Копенхаген и со Министерството за јавно здравје и спорт на Данска.

Студијата потврдува дека ризикот од инфекција е мал кога играте фудбал на отворено, тврди професорот по вирусологија Алан Рандруп Томсен од Катедрата за имунологија и микробиологија на Универзитетот во Копенхаген.

„Националното тело за здравство очекува да бидете во рамките на два метри од заразено лице повеќе од 15 минути пред да сметате дека е релевантен контакт. Па, без сомнение, времето што се посочува во студијата не е клучно и воопшто нема ризик кога фудбалската игра се одвива на отворено. Се додека фудбалерите се облекуваат дома, не користат соблекувални и се тушираат дома, нема ниту најмала причина здравствените работници да им забрануваат на Данците да играат фудбал. Секако, не смее да има заедничка прослава на головите“, вели Алан Рандруп Томсен.

За разлика од фудбалот, многу поголема опасност доаѓа од американски фудбал или рагби, како и од кошарката и ракометот.

„Не гледам никакви проблеми за играње фудбал. Но, за американски фудбал и за рагби веројатно би се загрижил затоа што има многу близок контакт. Уште поголем е ризикот во кошарката и во рамометот, но во фудбалот обично имате само краткорочен контакт со тело о затоа мислам дека е прилично безбедно да се игра. Треба да вимаваме, но и не треба да сме премногу хистерични“, вели Алан Рандруп Томсен, професорот по вирусологија Алан Рандруп Томсен од Катедрата за имунологија и микробиологија на Универзитетот во Копенхаген.

Се вчитува...