Данците блиску до осминафинале, прв бод за Австралија

Данска ремизираше (1-1) против Австралија и направи голем чекор напред кон осминафиналната фаза од Мундијалот. Австралијците стигнаа до првиот бод во групата Ц, но за нив ќе биде многу тешко да остварат пласман понатаму.

Кристијан Ериксен во седмата минута ја доведе Данска во водство со одличен погодок, по уфрлувањето на Јоргенсен во шеснаесетникот. Австралија израмни од пенал, откако ВАР технологијата покажа дека Поулсен играше со рака во сопствениот казнен простор.

Миле Јединак го реализира ударот од белата точка во 38.минута, но тоа сепак беше премалку за Австралијците за да се надеваат на пласман во осминафиналето.

Се вчитува...