Данците се уште имаат кошмари од лудата тројка на Нено во Нествед (ВИДЕО)

Македонската кошаркарска репрезентација денеска со 19 часот во Гевгелија ја пречекува Данска во последниот натпревар од вториот претквалификациски „прозорец“ за Евробаскетот 2025. Со триумфот над Норвешка, Македонија се најде на добар пат да го осигура првото место во групата кое води во главната фаза, но за тоа е потребна нова победа против скандинавската држава.

Македонија триумфално го заврши гостувањето во Нествед, а најзаслужен за тоа беше Ненад Димитријевќ. Бекот кој нема да настапи на денешниот натпревар поради клупските обврски ја предводеше нашата репрезентација на северот на Европа со 29 поени, 4 скока и 4 асистенции, а со тројката од повеќе од половина терен ја завери значајната победа.

Се вчитува...