Дарбо: Шкупи оди на три бода и на дербито против Вардар

Дембо Дарбо е еден од најдобрите фудбалери во македонскиот шампионат сезонава, голгетерот од Гвинеја блеска и е еден од најзаслужните што Шкупи бележи одлични игри и моментно заостанува само два бода зад лидерот Шкендија.

Пред прволигашот од Чаир утре е нов предизвик, градското дерби со екипата на Вардар, за кое Дарбо е максимално мотивиран да продолжи со серијата добри настапи.

„Вардар има силен тим, ги почитуваме исто како и сите останати ривали. Со оглед на фактот дека ова е градски дерби-дуел, јасно е дека мораме да дадеме се од себе доколку сакаме да стигнеме до победата. Во добра форма сме и јасно е дека ќе одиме на три бода и против Вардар, сакаме да го продолжиме победничкиот ритам и да останеме во игра за највисок пласман. Затоа, многу важно е утре да стигнеме до трите бода“, изјави Дарбо, кој во последните две прволигашки кола постигна пет погодоци (два со Беласица и три против Пелистер).

Се вчитува...