Дарио Ивановски, со нов македонски рекорд на 3.000 метри, до 4. место на БП!

Најдобриот македонски атлетичар на долги патекти, Дарио Ивановски запиша нов државен рекорд во сала на 3.000 метри на Балканското првенство во Истанбул, Турција.

Ивановски одбележа уште еден извонреден настап освојувајќи го 4. место во исклучително силна конкуренција на трката на 3.000 меѓу уште десет најдобри атлетичари од Кипар, Молдавија, Хрватска, Бугарија, Турција, Србија, Грција и Романија. Македонскиот атлетичар истрча со време од 8:14.44 минути што е нов рекорд на Македонија во оваа дисциплина.

„За малку ни избега историски медал на Балканско првенство. Четвртото место претставува, сепак, едно од најголемите постигнувања на македонски атлетичар на Балканско првенство во вака силна конкуренција“ – истакна Игор Јакимовски, тренерот на Дарио Ивановски веднаш по трката во Истанбул.

Се вчитува...