Дарио Ивановски второпласиран на Бели крос во Белград

Дарио Ивановски, атлетичарот на АК Работнички, го освои второто место на престижниот Бели крос кој по 51. пат се одржа во Белград изминатиов викенд. Се трчаше на 6.000 метри и Дарио постигна резултат од 18:44.1 минути. Прв беше Јан Кокаљ од Словенија (18:39.6 минути), а третото место му припадна на Ласло Грегор од Унгарија (18:54.5 минути).

Покрај Дарио Ивановски, на овој крос земаа учество и уште неколку други македонски натпреварувачи, тоа се Милош Ранчиќ (АК Скок) – 7. место, Игор Јакимовски (АК Работнички) – 17. место, Стефан Милановски (АК Работнички) – 21. место.

Во јуниорската трка настапија и Дамјан Ангеловски (5. место) и Дамјан Јакимовски (7. место).

Во следниот период Дарио Ивановски го очекуваат и два важни меѓународни настапи на атлетски натпревари во сала, тоа е Балканското првенство во Истанбул (17. февруари) и Светското првенство во Бирмингем (1-4 март). На овие две натпреварувања Дарио ќе настапи во дисциплината 1500 метри.

Се вчитува...