Дарко Чурлинов поради сепса бил хоспитализиран во Белград

Македонската репрезентација без Дарко Чурлинов ќе биде на двата квалификациски натпревари против Украина и против Англија.

Селекторот Благоја Милевски објасни дека Чурлинов се наоѓа во клиничкиот центар во Белград поради сепса, и дека е нејасно ниту од докторите што се случува со неговата состојба.

„Дарко Чурлинов е во болница во Белград“, вели Милевски и придоа додавајќи:

„Засега нема јасен одговор околу неговата ситуација ниту од докторите. Имал внатрешно труење, не се знае дали е последица од проблеми со заб или анесетезија. Познато е дека тоа резултирало со труење на крвта, сепса. Се надевам дека најлошото е зад Дарко. Познавајќи го каков борец е Дарко, верувам дека ќе биде во најдобар ред и брзо ќе излезе од болница“, изјави селекторот.

Се вчитува...