Дарко Крстески се врати на клупата на Победа

Дарко Крстески повторно се врати на кормилото на прилепска Победа, по отказот минатиот месец за досегашниот тренер Тони Мегленски.

Крстески, под чие водство Победа пред неколку сезони се врати во прволигашкото друштво, сега го очекува битка за опстанок во второлигашката конкуренција на Истокот. Последен негов тренерски ангажман беше клупата на Пелистер од каде замина пред крајот на есенскиот дел од првенството.

Стартот на зимските подготовки на Победа под палката на Крстески е закажан за 15. јануари.

Се вчитува...