Дарко Мицевски се врати во Вардар

Дарко Мицевски е нов играч на ФК Вардар. Тој денеска потпиша четири и пол годишен договор со најтрофејниот македонски клуб. Повратникот во Вардар е освојувач на шампионската титула во сезоната 2019/20 откако 2 и пол години настапуваше за клубот.

„Ми претставува голема чест и задоволство враќањето во Вардар, едноставно повикот од најтрофејниот македонски фудбалски клуб не се одбива. Им благодарам на сопственикот Слободан Крстевски и спортскиот директор Александар Бајевски за повикот и довербата, лесно се договоривме и заеднички ги усогласивме целите на клубот. Верувам во овој проект, искрено се надевам дека ќе биде еднакво успешен како и при мојот претходен престој тука. На сите навивачи и приврзаници на Вардар им ја честитам новата година и божиќните празници, се гледаме на терен, да го вратиме Вардар таму каде што му е местото“, изјави Мицевски. 

 

 

Се вчитува...