Поранешниот тренер на МЗТ Скопје и Пелистер, Дарко Радуловиќ, ќе ја продолжи авантурата во Полска откако денеска потпиша нов договор со екипата на Старогард Гдањск.
Станува збор за тим што се натпреварува во втората полска лига, Радуловиќ успеа да го извлече максимумот и се пласираше во полуфиналето од плејофот, но македонскиот стратег немаше среќа во клучните битки, останувајќи без шанса за влез во елитното друуштво.
Сепак, управата на Гдањск не го криеше задоволството од сработеното од страна на македонскиот стручњак, му понуди нов договор по што двете страни експресни ги договорија деталите и соработката беше продолжена до јуни 2027 година.
„Пресреќен сум што можам да објавам дека го продолжив договорот и ќе продолжам да работам со овој извонреден тим. Ветувам напорна работа, целосна посветеноста, емоција од срце, за заедно да притискаме кон остварување на уште поголеми цели. Благодарност до сите кои веруваат во нас“, порача Радуловиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
