Дарко Тасевски промовиран во дресот на Славија Софија (ФОТО)

Поранешниот македонски репрезентативец Дарко Тасевски е официјално промовиран во дресот на бугарскиот прволигаш Славија Софија.

По пет години минати во шампионатот на Тајланд, 34-годишниот Тасевски се одлучи за враќање на Балканот прифаќајќи ја понудата за трансфер во редовите на Славија кој за него ќе биде деветти клуб во кариерата.

Поранешниот фудбалер на Вардар и Цементарница 55, на интернационалната сцена има настапувано и за украински Металург Запорожје, потоа Левски Софија како и израелски Ирони Кирјат Шмона, пред преселбата во Тајланд.

Се вчитува...