Дарко Велковски конечно дебитираше за Ријека во шампионатот на Хрватска

Македонскиот репрезентативец Дарко Велковски конечно го дочека својот деби настап за Ријека во хрватскиот шампионат, по речиси една година од неговото заминување од Вардар.

Поради серија повреди Велковски немаше можност за деби во првенството на Хрватска, па досега имаше запишано само еден официјален настап за Ријека во Купот против Крижевци на 26. септември минатата година.

Сега настапи на дуелот против Рудеш на гостински терен на кој Ријека славеша со 2-4. Велковски во игра влезе на почетокот од второто полувреме на местото на Переира. На полувремето Ријека водеше со 1-2, а до крајот само ја потврди победата во 22. коло од Првата лига.

Ријека по оваа победа со 41 бод е на втората позиција, 13 бода помалку од водечкиот Динамо Загреб.

Се вчитува...