Дарко Велковски, по четири месеци, се врати на терените: Едно полувреме на тестот против Волфсбург

Македонскиот репрезентативец Дарко Велковски, по паузата поради повреда, повторно се врати на фудбалските терени.

Велковски денеска го одигра второто полувреме во дресот на Ријека на пријателскиот тим против германски Волфсбург во кој хрватскиот прволигаш загуби со 0-3. Поранешниот фудбалер на Вардар се најде во тимот на Ријека по пауза од четири месеци. Последен негов одигран меч беше во септември минатата година во Купот на Хрватска против Крижевци.

Ријека своите зимски подготовки во моментов ги одработува во Португалија.

Се вчитува...