Македонскиот репрезентативец Дарко Велковски деновиве тренира со својот поранешен клуб Работнички, во кој вистински се промовираше на фудбалската сцена пред повеќе од осум години.
Велковски тренира со „романтичарите“ пред да се приклучи на подготовките на македонската репрезентација закажани за 4. септември за двата квалификациски натпревари за ЕП 2024 против Италија во Скопје и против Малта на гости.
Македонскиот дефанзивец во моментов е без клуб, и покрај тоа што официјално се уште е член на Ал Етифак од Саудиска Арабија. Но, и натаму е без ниту една минута одиграна за Саудијците, откако веќе му е соопштено да бара нова средина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА