Македонскиот фудбалски прволигаш Работнички го официјализираше второто засилување за новата сезона и настапот во квалификациите за Конференциската лига.
Нов фудбалер на клубот од Дебар маало е Дашмир Елез кој во Скопје доаѓа како слободен фудбалер откако се раздели со косовскиот тим Приштина.
Дашмир Елези ги имаше своите почетоци во младинската школа на Шкендија, три сезони играше во првиот тим на актуелниот шампион, а потоа замина во Хрватска, носејќи го дресот на Локомотива Загреб.
По ова заигра за Приштина, а сега потпиша тригодишен договор со македонскиот прволигаш. „Романтичарите“ претходно го доведоа и голманот Васко Василев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА