Давид Алаба и Челси започнаа преговори

Австрискиот репрезентативец, Давид Алаба би можел да се пресели во редовите на Челси. Како што пренесува Кристијан Фалк, раководстовото на сините и бекот на Барен Минхен веќе започнале преговори за преслеба на „Стемфорд Бриџ“.

Алаба одлучи да го напушти германскиот состав откако не успеа да најде заеднички јазик со клубот околку нов договор. 28-годишниот фудбалер бараше да биде најплатен играч во актуелниот европски шампион, со плата над 10 милиони евра по сезона, која ја немаат ниту Левандовски, Ноел и останатите ѕвезди на баварскиот гигант.

Актуелниот договор на Австриецот со клубот од Минхен истекува на крајот на сезоната, а веќе на 1. јануари може да потпише предоговор со друг клуб. Баерн има опција да го „продаде“ играчот во зимскиот трансфер период, но би заработил само силболчна сума, или да го задржи до крајот на сезоната и да го пушти да замине бесплатно.

Се вчитува...