Давид Бабунски во тимот на колото во Унгарија

Македонскиот репрезентативец Давид Бабунски е избран во најдобриот тим на колото во унгарскиот шампионат.

Неговиот Мезековец викендов славеше со 0-2 на гостувањето против Кечкемет, а Бабунски беше убедливо најдобриот поединец на теренот, издвоен и за играч на мечот. Одигра 86 минути на теренот, кога со овации од навивачите на Мезековец беше испратен од игра.

Според изборот на унгарската „Тв4“, Бабунски е во најдобриот тим на колото во Унгарија, со оценка 9.0 еден и од најдоброоценетите фудбалери од оние 11 во изборот на најдобрите.

Се вчитува...