Давид Денковски – огромна иднина на македонскиот фудбал: Одбрани два пенали на Шкендија, но не можеше се сам… (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Младиот голман на штипска Брегалница, Давид Денковски е без сомнение огромна иднина на македонскиот фудбал.

Еден од најголемите фудбалски таленти на Македонија, незаменлив член на младата репрезентација на Македонија, се запиша денеска и во историјата на прволигашкиот фудбал со двата одбранети пенали на гостувањето на Брегалница против Шкендија во Тетово.

Најпрво на извонреден начин го одбрани ударот од белата точка на Љупче Дориев во првото полувреме…

А, потоа во вториот дел го одбрани пеналот и на Егзон Бејтулаи.

Но, Денковски не можеше се сам. На крајот Брегалница загуби минимално со 1-0 од Шкендија по голот на Јан Кривак во 61. минута.

 

 

Се вчитува...