Давид Силва одлучи, заминува од Сити следното лето

Шпанскиот интернационалец Давид Силва следното лето ќе си замине од Манчестер Сити. Претстојната сезона ќе биде негова десетта во дресот на „граѓаните“, а тој вели дека со неа кругот ќе биде комплетиран.

„Ова ќе биде моја последна сезона во Манчестер Сити. Десет сезони, мислам дека тоа е перфектна бројка за разделба“, изјави шпанскиот фудбалер.

Играчот за врска во периодот додека го носи дресот на Манчестер Сити освои четири трофеи во Премиер – лигата, два пехари во ФА Купот на Англија и четири титули во Лига купот.

Се вчитува...