Давид Вилја објави крај на кариерата

Легендарниот шпански фудбалер, Давид Вилја на вонредна прес-конференција објави дека на крајот на сезоната ќе ја заврши богатата кариера. До крајот на сезоната Вилја во јапонскиот Кобе го очекува полуфинален меч од купот на Царот против Шимицу кој се игра на 21. декември. Доколку Кобе успее да се пласира во големото финале, Вилја кариерата ќе ја заврши на 2. јануари во големото финале од купот.

37-годишниот Вилја во својата кариера со репрезентацијата на Шпанија ги освои Европското и Светското првенство, а со Барселона славеше еднаш во Лигата на шампионите, три пати во Ла лига, Купот на кралот и Суперкупот на Шпанија, а еднаш го освои и Светското клупско натпреварување. Во кариерата покрај за Барселона настапуваше и за Спортинг Хихон, Валенсија, Атлетико Мадрид, Мелбурн Сити, Њујорк Сити и Висел Кобе.

Се вчитува...