Давор Шукер разрешен, Маријан Кустиќ нов претседател на ХНС

Собранието на Хрватскиот фудбалски сојуз го разреши Давор Шукер од претседателската функција на сојузот. Нов претседател на ХНС е Маријан Кустиќ, поранешен пратеник од редовите на ХДЗ и долгогодишен фудбалски работник.

Изборот на новиот претседател беше само формалност. Маријан Кустиќ веќе неколку години ја врши должноста на прв оперативец во ХНС.

Давор Шукер девет години беше на чело на ХНС, каде го донесе Здравко Мамиќ. Кустиќ, кој на денешното Собрание беше единствен кандиат за нов претседател, беше избран едногласно со поддршка на сите општински сојузи, што се случува првпат во историјата на Хрватскиот фудбалски сојуз.

Се вчитува...