Давор Здравковски: Создаваме нова генерација, веруваме во позитивни тестови против Србија и против Црна Гора

Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 21 година утре заминува за Подгорица, Црна Гора, каде што ќе одигра два контролни натпревари, против Србија, во петок на 16. ноември и против домашната селекција на Црна Гора на 19. ноември.

Давор Здравковски вели дека оваа нова генерација на Македонија до 21 година има голем потенцијал, а двата контролни натпревари во главниот град на Црна Гора се добра прилика за докажување.

„Иако ова е нова генерација, ние од репрезентацијата до 21 година се познаваме одлично и веруваме во своите квалитети. Во тимот има голем потенцијал, најважно е што кај сите во тимот има желба и мотивираност за докажување и сите посакуваме да одиграме два добри натпревари. Противниците се квалитетни и иако на некој начин ова се резултатски и не толку важни пресметки, сепак сите излегуваат да одиграат и на резултат. Верувам дека ќе одиграме цврсто, дисциплинирано и се надевам на почеток на низа позитивни резултати“ – изјави Давор Здравковски.

Еднакво е размислувањето и на офанзивецот Милан Ристовски….

„За нас секој натпревар е важен и шанса за докажување бидејќи се создава нова генерација. Значајно е сите да ја сфатат сериозноста на подготовките и натпреварите бидејќи секој позитивен резултат е биден за овој млад тим. Противниците имаат во своите редови добри фудбалери и сигурно заслужуваат максимален респект, но постои одлична мотивираност и квалитет и во нашиот состав и имаме амбиција тоа да го потврдиме. Ако одиграме според договореното, мислам дека можеме до позитивни резултати. Ни треба еден континуитет пред новите квалификации и мораме да бидеме максимално сериозни“ – вели Милан Ристовски.

Се вчитува...