Де Бруин го освои „главниот Оскар“ во Премиер-лигата

Кевин де Бруин е избран за најдобар фудбалер на сезоната во Премиер-лигата, во изборот на елитното англиско фудбалско друштво. Претходно Џордан Хендерсон ја доби наградата за најдобар фудбалер според фудбалските новинари, капитенот на Ливерпул важеше за голем фаворит и во изборот на Премиер-лигата, но во оваа трка тој загуби од големиот ас на Манчестер Сити.

Де Бруин имаше одлична сезона во која со 20 асистенции го израмни рекордот на Тиери Анри од 2002/03, постигна и неколку значајни погодоци за „граѓаните“, но сепак остана со празни раце во битката за трофеи.

Зад него се најдоа тројца фудбалери на шампионот Ливерпул, Џордан Хендерсон, Садио Мане и Трент Александер Арнолд, а на листата на финалисти за наградата имаше место и за Џејми Варди од Лестер, Ник Поуп од Барнли и за Дени Ингс од Саутемптон.

Се вчитува...