Белгијците максимално оптимистички ја очекуваат утрешната пресметка (20:45 часот) против Македонија во Гент во еден од одлучувачките натпревари за првото место во групата во квалификациите за СП 2026.
Соиграчот на Елиф Елмас вод Наполи, Кевин Де Брујне вели дека не смеат да си дозволат нов кикс против Македонија и дека овој пат со сите сили ќе атакуваат на победата.
„Факт е дека на натпреварот во Скопје не бевме на нашето ниво, а противникот заслужено освои бод. Но, сега не смее нов кикс. Мора максимално да пристапиме, решени да дојдеме до победата. Целосно сме фокусирани на дуелот и секако очекуваме триум“ – истакна Де Брујне на денешната прес-конференција во Гент.
Во квалитетен натпревар на своите избраници верува и селекторот на Белгија, Руди Гарсија…
„Воопшто не ја потценивме Македонија и на првиот натпревар. Имаат навистина квалитетна селекција, и секако нема потценување и сега. Добро ги анализиравме, и на крајот верувам дека се ќе зависи само од нас и од нашата игра“ – рече Руди Гарсија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

