Де Бур ’начека пенал’: Мурињо, вака ли се игра со тим од милијарда евра?!

Жозе Мурињо јавно истакна дека Франк де Бур е најлошиот менаџер во историјата на Премиер – лигата, откако тој на „Беин Спортс“ ја критикуваше играта на Манчестер јунајтед во англискиот шампионат, но Холанѓанецот го ’начека на пенал’ по синоќешната елиминација во Лигата на шампионите.

„Мурињо може да каже дека јас сум најлошиот менаџер во историјата на Премиер лигата. Нема проблем. Сепак, синоќа видовме менаџер кој во кариерата потрошил милијарда евра за трансфери, а неговите екипи играат како Манчестер јунајтед. Трагично“ – истакна Де Бур.

Се вчитува...