Де Грас се откажа, еден конкурент помалку за Болт во Лондон

На својот проштален настап во кариерата на претстојното Светско првенство во Лондон, Усеин Болт ќе има еден конкурент помалку по откажувањето на Kанаѓанецот Адре де Грас.

Канадскиот спринтер има повреда на задната ложа поради која мора да го откаже настапот во Лондон. Де Грас го има најдобриот резултат во 2017 година на 100 метри од 9,96 секунди, постигнат на митингот од Дијамантската лига во Стокхолм, но со посилен ветар во грб.

Канаѓанецот минатата година на ОИ во Рио освои бронза на 100 метри, сребро на 200 метри и уште една бронза во штафетата 4х100 метри.

„Трката на 100 метри во Лондон цела година ми беше приоритет. Во најдобра форма сум во кариерата, се радував на трката со набрзите луѓе во светот. Ми беше незамисливо да пропуштам ваква можност, но тоа е реалноста. Морам да се соочам со тоа што ми се случи. Повредите се дел од спортот, само мене ми се погоди во лош момент“ – изјави Андре де Грас.

Светското атлетско првенство во Лондон почнува утре.

Се вчитува...