Де Хеа останува на „Олд Трафорд“ – за 112 милиони фунти

Уште една „сага“ во фудбалскиот свет конечно ќе заврши, откако Давид де Хеа ги договори условите за нов договор со Манчестер Јунајтед, обврзувајќи се на долгорочна иднина во таборот на најтрофејниот англиски клуб. Шпанецот неколку години наназад беше поврзуван со заминување од „Олд Трафорд“, сериозни понуди испраќаа Реал Мадрид, ПСЖ и Јувентус, за дури откако влезе во последната година од актуелниот договор Де Хеа да се договори за негово продолжување.

Тактиката одлично се исплатеше, Шпанецот во новиот шестгодишен договор ќе зема плата од 375.000 фунти и ќе стане убедливо најплатен голман во светот. Сите детали се веќе средени, а новиот договор официјално ќе  биде потпишан по враќањето на „црвените ѓаволи“ од претсезонската турнеа, пред стартот на новата сезона.

По разрешувањето на овој проблем сега „ѓаволите“ повторно ќе се фокусираат кон ангажманот на нови засилувања, а во преден план им е комплетирањето на трансферите на Бруно Фернандес од Спортинг Лисабон и Хари Мегваер од Лестер.

Се вчитува...