Де ла Фуенте до Кукуреља: А сега – тетоважа… не сум толку грд

Левиот бек Марк Кукуреља на почетокот од мундијалот најави храбар потег – дека ќе го тетовира ликот на шпанскиот селектор Луис де ла Фуенте доколку „црвената фурија“ успеа да стигне до титулата.

Целта беше остварена со големиот триумф над Аргентина, а едно од прашањата што Де ла Фуенте ги доби беше токму поврзано со тетоважата на дефанзивецот.

„Јас сум многу стар за да почнам сега да се тетовирам, но моите фудбалери се луѓе од збор, знам дека ќе останат на она што го кажале. Мислам дека згрешија кога го кажаа тоа, но сега нема враќање, ќе мора да го реализираат она што го најавија. Впрочем, не сум толку грд“, со насмевка коментираше Луис де ла Фуенте.

Се вчитува...