Фудбалската репрезентација на Шпанија е првиот финалист на Светското првенство во САД, Канада и Мексико откако во полуфиналето вечерва во Далас славеа над селекцијата на Франција со 0-2.
Де ла Фуенте тотално го надигра Дидие Дешамп на овој меч. Шпанија поведе со 0-1 откако голема глупост направи дефанзивецот Лукас Дињ кој направи пацерски пеналд над Ламин Јамал кој успешно го реализираше Ојарзабал во 22. минута.
France 0 – [1] Spain – Mikel Oyarzabal penalty 22'
byu/ayoefico insoccer
До крајот на првиот дел Шпанија беше поопасна, а Французите може да се среќни што имаат негатива од само еден гол на полувреме. Во вториот дел Шпанија продолжи со доминантната игра, а тоа го материјализираше со погодокот на Педро Поро за 0-2 во 58. минута.
France 0 – [2] Spain – Pedro Porro 58'
byu/ayoefico insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
