Селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте, коментираше како неговиот тим може да се спротивстави на напаѓачката моќ на Франција во форма на Килијан Мбапе, Михаел Олисе и Усман Дембеле во претстојниот полуфинален натпревар на Светското првенство денес во 21:00 часот во Далас.
Кога го прашале дали е загрижен за францускиот напад и како планира да го запре, Де ла Фуенте одговори:
„Ја анализираме Франција многу, многу внимателно. Нашите тимови се познаваат добро. Тие имаат исклучителни играчи, но и ние. Клучот на натпреварот ќе биде да се обидеме да им го наметнеме нашиот стил. Внимателно ги следиме сите играчи, а ние ќе мора да си помагаме едни на други и ќе го наметнуваме нашиот стил. , рече Де ла Фуенте.
Тој го пофали Килијан Мбапе, и покај тоа што француската ѕвезда добива серија критики од домашната јавност.
„Критиките кон Мбапе ? Не гледам поента во такво нешто. Го сметам Мбапе за брилијантен фудбалер. Сакам да гледам играчи со исклучителни квалитети, а Килијан е токму тоа“, нагласи Де Ла Фуенте.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
